Научете да се носите со љубовните одлуки

Сигурно повеќето од вас понекогаш донеле лоши одлуки кога станува збор за љубовта. Или доцна сте сфатиле дека се погрешни, или сте ги донеле не размислувајќи премногу за последиците. Еве неколку совети што ќе ви помогнат што подобро да ги донесувате болните љубовни одлуки.

ljubov_single

1. Размислете двапати

Без разлика дали донесувате одлука за заеднички живот, раскинување или венчавка, не влегувајте во нешто за кое не сте сигурни. Размислете за она што навистина го сакате и што е најдобро за вас пред да донесете каква било голема одлука за својот живот. Секогаш имајте на ум дека се работи само за вас и за вашата среќа и дека морате да го направите она што ќе ве направи среќна.

2. Подигнете ги своите стандарди

Ако го прифатите фактот што вашиот партнер на некои работи не гледа како вас, порано или подоцна може да донесете лоша одлука. Не си го дозволувајте тоа. Подигнете ги своите стандарди и бидете упорни за некои работи за кои сте сигурни и кои ги сакате. Така ќе го задржите своето „јас“ и ќе покажете дека сте самоуверени и цврсти околу вашите ставови.

3. Разговарајте со некого

Не брзајте со некои одлуки ако не сте сигурни. Разговарајте за тоа со некои блиски луѓе – пријателката, мајката, член на семејството… Другите луѓе ќе ја согледаат вашата ситуација од други агли и можеби ќе ви дадат потенцијални решенија кои не сте ги имале предвид. Секако, не е решение другите да влијаат на вашата конечна одлука, но сигурно ќе ви дадат други видувања на истата ситуација.