Женски трикови кои ги полудуваат мажите во кревет

За совршен интимен однос потребни се многу работи, но покрај обостраната привлечност постојат ситни трикови кои ќе ви помогнат да ја вжештите атмосферата во креветот.

seks

Некои едноставни движења на жената можат да го натераат мажот целосно да полуди. Погледнете ги овие конкретни сексуални потези на жената на кои ниту еден маж не може да одолее:

Гледајте го во очи за време на сексот

Доколку не се срами да ве гледа во очи, идеално е да му упатите дрзок, заводлив поглед и експлозијата од страсти е гарантирана.

Фокусирајте се на главната акција

Предиграта е во ред, но мажите ја сакаат главната акција, особено онаа во која жената ја презема иницијативата и преминува на главниот чин.

Не молчете за време на секс

На мажите им е навистина возбудливо кога жената кажува што таа сака и во што најмногу ужива. Уште ако им шепне на уво во текот на акцијата, тие би вриснале од задоволство.

Иницијатива за жежок секс

Мажите обожаваат кога жената страсно и ненадејно презема иницијатива кажувајќи дека сака секс веднаш. После такво нешто не постои маж што би останал ладен.