Навики кои ќе спречат враќање на килограмите по диета

По напорната диета последно што сакате е да ви се вратат киограмите кои сте ги изгубиле. Ви откривамете навики кои би требало да ги присвоите, доколку  не сакате да ви се случи тоа.

woman with healthy food

Нискокалорична диета

По диетата треба да продолжите да се храните нискокалорично. Тоа подразбира внесување помалку храна отколку пред диетата.

Повеќе масти

Повеќето луѓе од исхраната задолжително ги исфрлаат мастите кога сакаат да ослабат. Но, мастите не ви се најголем непријател. Тие бавно се варат, па се чини дека подолго ќе бидете сити.

Физичка активност

Не мора нужно да одите во теретана, но секако мора да се движите. Без разлика дали редовно одите на прошетка, на пливање, трчање… најважно е да сте физички активни.

Помлаку брза храна

Избегнувајте брза храна. Ако не можете да одолеете, наместо да се одлучите за хамбургер со помфрит, изедете пилешка салата.

Не го прескокнувајте појадокот

Ако го прескокнувате појадокот, ќе изедете повеќе храна за ручек. За да избегнете прејадување и таложење на килограмите, секогаш појадувајте.

Мерете се еднаш неделно 

За да имате што подобар преглед во процесот на губење килограми, мерете се еднаш неделно. Многу е полесно да се симнат 2 килограми, отколку 12, но не треба да станете зависни од мерење. Еднаш неделно е сосема доволно.

Помалку седење

Во слободното време подобро е да прошетатате отколку да седите. Седењето предизвикува наталожување на килограмите, па поради тоа трудете се секогаш да бидете што поактивни.