Неодоливи посни макарони

Колку знаат да бидат вкусни и неодоливи посните/вегетаријанските јадења се гледа уште од фотографијата :)

Posni makaroni

Еве што ви е потребно за да го направите ги овој рецепт:

500 гр макарони

300 гр печурки

150 гр маслинки

свеж босилек

200 гр брокула

маргарин

кечап или доматен сос

сол и кари

Начин на подготовка:

Во сад со зовриена вода ги ставаме макароните да се варат околу 15-20 минути.

Во меѓувреме во тава на малку маргарин ги пржиме печурките и исецканите маслинки на тркалца, Ги додаваме брокулата, босилекот и кечапот/доматен сос.

Откако ќе се сварат макароните, им го додаваме приготвениот сос, промешуваме и ги сервираме со кари и друго по желба.

За повеќе од 50 посни и превкусни Gotvi.mk рецепти кликнете тука 

Преземено од www.gotvi.mk