Неделен хороскоп (01 – 07.02.2016)

horoscope-02

Овен

Влегувате во период што го бара од вас она што го имате во изобилство, силата. Променете ги животните услови на подобро. Ве очекуваат бурни емотивни случувања, дочекајте ги подготвени. Размислувајте за нови пријателства, отворете се кон надворешниот свет. Не морате веќе на ништо да внимавате – толку ви е силен одбранбениот механизам што имате толку големи бариери, па нема шанси некој да ве најде во неподготвена позиција.

Бик

Постојано наидувате на некакви проблеми. Евидентно е нервирањето поради секоја ситница, па ја оптоварувате околината. Доколку забележите дека луѓето ве избегнуваат, знајте за што станува збор. Можни се здравствени проблеми врзани за црниот дроб, но не преземајте конкретни потези. Не однесувајте се како да сте центар на светот. Кој високо лета, ниско паѓа, а вие се однесувате токму така, па може да наидете на сериозни проблеми.

Близнаци

Проблемот од емотивна природа станува повеќе од непријатен. Ви недостасува толеранција кога е во прашање партнерот, а тоа морате да го контролирате. Никако не можете да најдете заеднички јазик, но морате да се потрудите да избегнете секакви расправии. Имате проблеми и со дишните патишта, чист воздух и намалување на цигарите добро би ви дошло. Работете повеќе и заборавете на привремените проблеми, така само си правите лошо на себеси.

Рак

Поминувате незаборавни моменти со личности родени во знакот на Водолија или Бик. Не е важно колку ќе трае таа среќа, уживајте и заборавете на ситните глупости што ги носи секојдневието. Дружете се и излегувајте. Немојте да се нервирате за ситници, бидејќи немате причина за тоа, секаде околу вас ви цветаат рози. Единственото нешто што не ви дава мир е постојаното незадоволство, научете да ја цените секоја ситница која доаѓа кон вас, независно дали од роднинска или пријателска страна.

Лав

Не можете да најдете заеднички јазик со блиските. Проблемите што ги имате веќе подолго време се провлекуваат. Неспособни сте да се приспособите кон околината затоа најдобро е да се дистанцирате. Ве очекуваат и недоразбирања со партнерот, променете ги сопствените ставови. Намалете ги алкохолот и забавите. Почнете да водите здрав начин на живот и одморајте се повеќе. Ако сакате да најдете душевен мир, дистанцирајте се од околината која ви создава проблеми.

Девица

Се наоѓате во мошне заплеткана ситуација што бара максимум трпеливост, но за жал, не ја поседувате. Оттаму се и недоразбирањата не само со околината туку и со себе. Губитници сте, а тоа тешко го поднесувате. Треба да ги зачувате нервите за посериозни проблеми. Не сте добро расположени, но партнерот и добар филм може да ви направат да се чувствувате убаво. Внимавајте на исхраната, здравствената состојба не ви е сјајна.

Вага

Среќни сте и задоволни. Ова е исклучително пријатен период, особено кога е во прашање љубовта. Ќе бидете опкружени со луѓе што ќе ви предизвикуваат задоволство. Пред вас се незаборавни моменти, а колку ќе профитирате од тоа, зависи од ситуацијата. Секој човек е ковач на својата среќа. Морате да бидете смирени и толерантни кон соработниците ако сакате да постигнете колективен успех. Избегнувајте нервози што ќе му штетат на организмот.

Скорпија

Премногу сте растрчани, не знаете што попрво да почнете да правите. Водете сметка да не се изгубите во многуте планови. И покрај тоа што сте способни да решите секаков проблем, мора да го успорите темпото и да се насочите кон себе. Тоа е најдобар начин да дојдете до душевен мир, кој повремено ве напушта. Имате проблеми со крвните садови и висок притисок. Доколку сакате тие да не станат посериозни, одете на чист воздух.

Стрелец

Може да се каже дека сте во целосен хаос, барем кога се во прашање емоциите. Со оглед на тоа што ваквата состојба премина во хронична, воопшто не сте загрижени. Насочете се кон оние области од животот во кои сте најуспешни. Вистински стручњак сте во тоа што го работите, само ви недостасува малку самодоверба . Здрави сте и полни со енергија, нема да наидете на тешкотии во ниту еден случај. Продолжете така и успесите ќе се нижат.

Јарец

Постојано сте лошо расположени. Немате енергија, па работата може да биде во застој. Попасивни сте од вообичаеното, но тоа воопшто не ве вознемирува, насочени сте кон нова љубов. Фантазијата е одлична како компензација за киксовите што ги направивте во последно време. Но, не опуштајте се премногу, може да направите сериозни грешки, по кои нема враќање назад. Здравствената состојба ви е одлична, но не е лошо да направите контрола на крвта.

Водолија

Многу од плановите ви пропаднаа во вода, но тоа не значи дека треба да седнете и ништо да не правите. Неделата не е поволна за решавање професионални проблеми и склучување договори. Доколку сте во каква било врска со здравствена установа, не надевајте се на поволен исход. Од вас се очекува да бидете трпеливи, но за жал, ги изгубивте нервите. Потрудете се барем да бидете позитивни и на партнерот да му покажете колку ви значи.

Риби

Конечно можете да се препуштите на сите животни радости, и покрај тоа што минувате низ тежок период. Потрудете се да останете смирени и со ладна глава. На својствен начин уживате во среќата, а тоа е она што ве одржува во живот. Она што посебно ве прави задоволни е складот што го најдовте во себе. Партнерот, конечно, ги признава грешките, прекрасно ви е заедно и поминувате незаборавни моменти. Пресреќни сте, останете такви.

СТОП! ИМАМЕ УШТЕ ИНТЕРЕСНИ СОДРЖИНИ ЗА ВАС: