Новогодишна ZUMBA® FITNESS забава!

По 10 успешни, на 13 декември со почеток од 20 часот,  се очекува единаесеттата и предновогодишна Зумба забава, побројна и поинтересна од било која до сега, а ќе се одржи во ноќниот клуб Станица 26!

zumba

Како и на сите Зумба забави до сега, ќе има нови Зумба кореографи, нови Зумба песни и нови Зумба движења во изведба на Зумба Инструкторите од ФитОне.

Новите моменти се неизбежни за Зумба Фитнес забавите, а за тоа се заслужни Зумба инструкторите од ФитОне. Очекувајте уникатна точка за крај на забавата.

Централното место ќе го заземат групите на Зумба вежбачи, кои ќе се прикажат себе со комплетно нови Зумба кореографии.

Со интересен настап , атмосферата ќе ја подигнат на повисоко ниво и Urbhanize инструкторите од ФитОне со изведба и презентација на нова забавна фитнес програма за вежбање, комбинација на хип-хоп елементи и bhangra (индиски танц) чекори, со тонинг елементи.

Зумба забавата иако е организирана од ФитОне, наменета е за сите љубители на Зумба фитнесот, а не само за вежбачите во ФитОне. Затоа, поканети се сите кои сакаат да видат што претставува споделување на Зумба енергија помеѓу Зумба фановите, како и сите практикувачи на Зумба фитнесот, да се приклучат на забавата.

Забавата е без никакви ограничувања на пол и возраст, без разлика на вежбачи или гледачи. Добредојдени се сите!

Дрес код: Шарени, весели бои или Зумба облека и новогодишни детали и украси!

Влезницата чини 150 денари со конзумација.

Повеќе детали и информации може да најдете на Facebook евентот.