Трикови за лице без брчки и акни

Ви предлагаме неколку природни масла кои ќе ви помогнат вашето лице да биде без брчки и акни:

lice_nega

1.Бадемово масло- природна крема

Бадемовото масло одлично ја освежува сувата кожа. Брзо се апсорбира и спречува загуба на влага, а помага при намалување на темните кругови околу очите настанати од умор. Богат е со витманин Е и го успорува создавањето на брчки.

2.Масло од авокадо- против стареење

Ова масло е богато со витамин А,Ц,Д и Е, а посебно се препорачува на зрела кожа. Во летните денови е посебно добро бидејќи ја задржува хидратацијата на кожата, а доколку добиете изгореници на сонце, маслото од авокадо ќе ублажи.

3.Лаванда- за акни, каснувања и изгореници

Маслото лаванда содржи антисептички својства кои ќе и помогнат на кожата за решавање на акни и мозолчиња. Ефикасно е во лечење од убоди на инсекти и лекување на рани. Ова масло делува најдобро кога се комбинира со камилица.

4.Масло од морков- за заштита од сонце

Маслото од морков е исклучително богато со бета каротин, а ја одржува еластичноста на кожата и ја намалува штетата предизвикана од ултравиолетово зрачење. Маслото од морков содржи антиоксиданси кои ги штитат клетките на кожата од штетните слободни радикали.

5.Масло од јаглика- за сува кожа

Маслото од јаклика е идеално за сувата и испукана кожа.