Облечете се добро: Студено време со магла по котлините

Vremenska prognoza ladno sneg magla

Времето денеска во Македонија ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под минус 10 Целзиусови степени. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Претпладне по oдделни котлини ќе има појава на магла.

Најниските температури ќе се движат до минус 12, а највисоките до 5 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со температура од минус 6 до 1 Целзиусов степен. Најстудено утрово е во Берово, каде се измерени минус 16 Целзиусови степени, а најмногу снег има во Маврово каде што снежната покривка е 72 сантиметри.

Извор: Мета.мк