Сончево и студено време со мала облачност

Времето денеска ќе биде студено со мала облачност која поизразена ќе биде на југот од земјата. Ќе дува слаб претежно северен ветер.Температурата ќе се движи од минус 2 до 5 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец со температура до 2 Целзиусови степени.

Најстудено утринива е во Берово и Битола, каде што се измерени минус 18 Целзиусови степени.

Снежната покривка највисока е на Маврово и изнесува 71 сантиметри.

Извор: Мета.мк