Помладите се посклони да одговорат на прељубата од партнерот на ист начин

Помладите лица, коишто мислат дека партнерот ги мами, се понаклонети да одговорат со неверство зголемувајќи го ризикот од полово пренослив болести за сите вклучени во релациите, покажа американското истражување чии резултатите се објавени во списанието Sexually Transmitted Infections.

preljuba_kavga

Учесниците во истражувањето кои верувале дека нивниот партнер во претходните четири месеци имал односи со друго лица, имале четири пати повеќе изгледи да започнат сексуална врска со друго лица во рамките на тие четири месеци,

„Преклопувањето на сексуалните врски е особено често меѓу помладите возрасни лица и придонесува за поголемата зачестеноста на од сексуално преносливите заболувања“, вели водителката на истражувањето Дана Санчез.

Според податоците на Американскиот центар за контрола и превенција н болестите, повеќето полово преносливи болести се во пораст и половината од нив се појавуваат кали лица на возраст меѓу 15 и 24 години.

За да се одговори на ризиците, потребно е да се проучат причините поради коишто луѓето се одлучуваат за повеќе партнери, вели Санчез. „Во нашето истражување се насочивме на влијанието на еден од мотивите – верувањето дека нашите лични партнери имаат друг партнер“, изјави оваа професорка од американскиот универзитет во Северна Каролина.

Нејзиниот тим ги анализирал податоците коишто ги дале 536 млади хетеросексуални мажи и жени од областа на Лос Анџелес. Учесниците во истражувањето биле на возраст од 18 до 30 години и сите имале односи без кондом во претходните три месеца.

Испитаниците имале најмалку еден фактор на ризик за појава на сексуално преносливи болести, вклучително и повеќе партнери во претходниот период од една година, лекување од такви болести во претходните две години, однос со партнер кој бил ХИВ позитивен или неодамна имал сексуално пренослива болест или се користени доги преку инјекции.

Во текот на периодот од една година, испитаниците на секои четири месеци одговарале на прашалници. При секое исполнување на прашалниците одговарале и на прашањето дали веруваат дека нивниот партнер имал истовремени врски со други лица во претходните четири месеци, како и дали пред односот консумирале алкохол или дрога.

Половината од испитаниците истовремено имале врски со различи партнери, а тоа се случувало почесто кај мажите (57 отсто), отколку кај жените (43 отсто). Испитаниците коишто имале истовремени врски имале и повеќе изгледи за поголем број сексуални партнери во текот на животот и за консумирање алкохол и дроги, покажува истражувањето.

Научниците, сепак, напомнуваат дека не ги испитувале учесниците во истражувањето за да ја дознаат причината за истовремените врски со повеќе партнери, па е можно тоа да е последица на договор за ткн „отворена“ врска, а не за сомневања дека партнерот бил неверен.