Проверите дали ја држите вистинската диета

Сте одбрале диета и веќе подолго време ја држите, но забележувате дека нема некои значајни резултати на вашето тело.

dieta_glad_ishrana

Доколку диетата успеала кај некоја ваша пријателка тоа не значи дека ќе биде успешна и кај вас. Секој организам е различен и затоа добро обрнете внимание на знаците по неколку денови држење диета.

Не ги занемарувајте овие симптоми, променете ја диетата:

1. Глад

Доколку сте постојано гладни променете ја диетата. Со изгладнувањето само накачувате килажа и во ниеден случај нема да го постигнете посакуваниот ефект.

2. Умор

Постојаното чувство на умор воопшто не е добро за вашето здравје. Има диети кои ве држат будни цела ноќ и доколку не можете да спиете повеќе од 7 часови прекинете со диетата.

3. Намалување на способностите

Чувствувате дека вашите работни способности се намали? Ако повеќе не ги постигнувате резултатите на работа како претходно, тоа е само уште еден знак дека вашата диета е погрешна.

4. Храна, храна, храна…

Непрестано размислувате на храна, што таа дури ви станува опсесија. Диетата не треба да претставува проблем, туку начин на исхрана.

5. Менструација

Обрнете внимание на менструацијата. Нередовноста, обилното крварење и преголемата болка алармираат на погрешна диета која треба веднаш да ја стопирате.