Изгубете 2 килограми за 3 дена со мед диета

Заради големиот број на хранливи состојки, медот е препорачлив за секојдневно консумирање. Токму затоа, нутриционистите советуваат и да слабеете со негова помош.

med

Набавете квалитетен ден и следете го овој режим на исхрана. За само 3 дена ќе изгубите околу 2 килограми на здрав начин, без изгладнување.

Прв ден

Појадок: 2 меко варени жолчки со лажица мед. Со оброкот пијте чај со лимон или кафе без шеќер.

Ручек: 100g сирење, 50g варена брокула, 50g варен морков и 50g варен карфиол. Измиксирајте во блендер и направете крем пире. Испијте уште 1 шолја чај со 1 лажица мед.

Вечера: Шолја бистра супа од зеленчук, парче интегрален леб и 1 јаболко, круша или портокал.

Пред спиење, испијте шолја чај со лимон.

Втор ден

Појадок: Исто како и првиот ден

Ручек: Направете крем од 1 меко варено јајце, лажица мед и 100g младо сирење. Со оброкот повторно пијте чај или кафе.

Вечера: 150g риба или пилешки филет, мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон.

Трет ден

Појадок: Исто како првиот ден + 1 јаболко

Ручек: 50g сирење, парче ‘ржан леб и чинија свеж зеленчук со лимонов сок.

Вечера: 300g варен зеленчук, 1 меко варено јајце и шолја чај со 1 лажица мед.

Напомена: Секој ден задолжително консумирајте по половина лимон!