Како да ја подобрите концентрацијата

За се што правиме, било каква работа или учење, клучна за успешноста е концентрацијата. Многу лесно можеме да ја загубиме, а тешко да ја вратиме. Некогаш ни литар кафе не може да ни помогне во тоа.

Concentrating

 

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се сконцентрирате и да ја задржите концентрацијата.

– Најдобро е да се придржувате до ист распоред. Секогаш станувајте исто време наутро, независно дали сте на работа или не. Така ќе го навикнете организмот.

– Кога работите нешто целосно посветете му се. Немојте да размислувате за другите грижи и обврски.

– Ако почувствувате пад на концентрацијата немојте да се форсирате. Направете пауза и не размислувајте за работата. Потоа одморени вратете се на работа.

– Кога повторно ќе почувствувате умор откажете се и продолжете следниот ден. Немојте да се силите ако не е потребно.

– Најдобро би било секој ден во исто време да почнувате да работите и во исто време да правите пауза.