На диета сте, но не слабеете? Проверете каде грешите!

Постојано пробувате различни диети, тврдите дека сте упорни, но некако тешко ви оди во намалувањето килограми.

dieta

Се откажувате од различна храна, но и тоа не помага. Сепак, има и дополнителни фактори кои влијаат на тоа како и колку ќе ви биде успешна диетата.

Полека со маслиновото масло

Во потрага по здрава храна, многумина го одбираат маслиновото масло за сите јадења, поради неговите здравствени придобивки. Но, колку што е добро и колку што е богато со витамини и потребни киселини, толку е и полно со калории. Во една лажичка има 120 калории и 14 грама масти. Затоа, внимавајте во колкава мерка го користите.

Избегнувате овошје

Ако го избегнувате овошјето за да не внесувате дополнителни овошни шеќери со тоа си правите поголема штета, наместо корист. Количината шеќери во овошјето му е неопходна на организмот, а богато е и со есенцијални витамини, влакна и минерали.

Избегнувате храна со глутен

Ако немате добра причина, како алергија или некој друг проблем, нема потреба да избирате безглутенска храна. Таа се препорачува само за оние кои имаат сериозен здравствен проблем, а не за оние кои сакаат да ослабат, бидејќи со тоа му ги кратите некои од неопходните состојки на организмот.

Малку јадете, а вежбате со часови

Ако мислите дека со малку јадење и многу напорно вежбање брзо и лесно ќе ги симнете килограмите, се лажете. Намалувањето на оброците или нивното прескокнување ви го забавува организмот и слабеењето станува потешко.

Поразговарајте со нутриционист кој точно ќе ви одреди колку пати треба да јадете и колку калории ви се дозволени да внесете.