Рио 2016: Фаворитите без проблеми на тениските терени

По еден ден пауза поради дожд, на тениските терени продолжија возбудувањата. Мажите ги одиграа мечевите од осминафиналето, додека кај жените се играа мечевите од четвртфиналето.

uc2ShB09

Пласман во завршницата кај мажите изборија Рафаел Надал, Енди Мареј, Кеи Нишикори и Хуан Мартин дел Потро, додека кај жените во борбата за медалите останаа Петра Квитова, Моника Пуиг, Медисон Кејс и Анжелик Кербер.

Денеска се играат четвртфиналните мечеви кај мажите, а двојките се: Хуан Мартин дел Потро – Роберто Баутиста, Рафаел Надал – Томаш Белучи, Гаел Монфис – Кеи Нишикори и Стив Џонсон – Енди Мареј.

Во полуфиналето кај жените ќе играат: Квитова – Пуиг и Кејс – Кербер.