Реми во Вотфорд, Евертон славеше над Њукасл

Вотфорд и Челзи ремизираа, а Евертон го совлада Њукасл во последните две средби од 24.коло во Премиерлигата.

Image

Вотфорд и Челзи одиграа меч без голови, што е и најреален исход на мечот, бидејќи на двата тима им припадна по едно полувреме. Вотофорд одигра подобро во првото, а Челзи во второто полувреме.

По овој меч Вотофорд остана на деветтото место на табелата со 33 бодови, а Челзи е 13-ти со четири бода помалку.

Евертон лесно стигна до седмата првенствена победа, откако со доминантна игра триумфираше над Њукасл со 3:0.

Ленон го постигна првиот гол во 23.минута, а во финишот Баркли два пати погоди од пенал во 88. и 93.минута. Инаку талентираниот Баркли го одигра својот 100-ти натпревар во Премиерлигата.