Што нѐ заморува најмногу за време на викендот?

Викендот секогаш го очекуваме со многу нетрпение и редовно имаме многу планови за тоа како да го поминеме и добро да се одмориме, но често се случува во понеделник повторно да бидеме преморени.

zamor-vikend

Еве неколку причини поради кои се уморуваме за време на викендот и потоа немаме енергија да ја издржиме работната недела.

Предолго спиење

Во споредба со работната недела, кога стануваме рано заради работата, викендот едвај го дочекуваме за да спиеме подолго. Покрај тоа, во текот на викендот остануваме будни од покасно, па следното утро продолжуваме со одморот и излежувањето во кревет.

Професорот на Универзитетот во Мичиген, психологот Тил Роенберг објаснува дека таквиот ритам за телото е како „џет лег“, па подобро е да се задржи истиот ритам како од неделата. Тој тврди дека станувањето порано во викендот, ќе направи да се чувствувате поодморени во текот на неделата.

Прејадување

Во текот на викендот имаме повеќе време и повеќе желба за уживање во храната, па често се случува луѓето да се прејадат и потоа да се излежуваат. Ако се внимава на исхраната во текот на работната недела, прејадувањето за викендот може да го уништи целиот вложен труд.

Постојаното седење пред компјутер и сурфање на интернет

Работната недела најчесто значи постојано седење пред компјутер и посветено работење на обврските, па ако и во текот на викендот продолжите да сурфате на интернет преку смартфонот или на лаптопот ќе бидете уморни и напнати.

За да се ослободите од стресот и уморот, мора да се оддалечите од технологијата и да му дозволите на телото и мозокот да здивнат. Вежбајте, дружете се со пријателите или шетајте во природа за да се релаксирате.

Работа за време на викендот

Според авторката на книгата What the Most Successful People Do on the Weekend, Лора Вандеркем, многу е важно во текот на викендот да се наполнат батериите, на тој начин што нема да мислите на работата или завршувате разни обврски поврзани со професијата. Заборавањето на работата во текот на викендот значи дека ќе бидете попродуктивни во текот на работната недела.

Чистење на домот и завршување на домашните обврски

Ако времето ви дозволува, завршувајте ги сите домашни обврски во текот на работните денови. Еден ден испеглајте ги алиштата, друг ден исчистете го домот со правосмукалка, трет ден пребришете прашина. На тој начин викендот ќе би биде слободен за одмор и за реализирање на омилените активности, што ќе ве одмори и исполни многу повеќе од средувањето и чистењето по дома.