Шест сигнали дека тој не е за вас

Жените голем дел од животот минуваат барајќи идеален партнер, а неретко се случува потрагата да трае подолго од што мислат. 

signali_vrska_kavga

Но за среќа, конечно се утврдени правила кои ќе ви помогнат во потрагата на вистинскиот господин Совршен, односно има показатели од кои е сосема јасно дека тој не е за вас:

Не му верувате

Малку љубомора е добредојдена во врската. Но ако оди до таму што не сакате да го пуштите да излегува со пријателите, тоа е многу лош знак. Размислете зошто немате доверба во него.

Тој е зависник

Доколку тој сака алкохол, дрога или коцкање, подобро не се надевајте дека поради вас ќе го остави порокот. Ова е навистина многу сериозна причина за раскинување, затоа, размислете.

Сакате да го промените

Лош знак за сериозна врска е кога жената сака да го промени партнерот. Ако не го прифатите таков каков што е, нема причина да останете со него.

Вие сакате деца, а тој не, или обратно

Ова е толку важно прашање што компромис не постои. Доколку вашите желби во врска со децата се сосема спротивни, време е да одлучите дали навистина сакате да останете со него.

Никогаш не се кара

Караниците се здрави за врската и доколку тој секогаш избегнува караници, значи дека не е искрен кон вас, или дека не му е гајле за вашата врска.

Интуиција

Доколку сѐ е во ред, но имате некое чудно чувство дека нешто не е како што треба, веројатно имате право. Женската интуиција ретко лаже.