Ситници кои покажуваат дека љубовниот состанок поминал одлично

Многу работи поврзани со љубовните состаноци се стресни и тешки и прават да посакате никогаш да не се одвоите од вашиот кревет и мобилен телефон.

sostanok_ljubov_vrska

Но, понекогаш ќе отидете на состанок и се случуваат неверојатни нешта. Па ако се случи некоја од овие работи додека сте со некоја посебна личност, радувајте се.

1. Кога наместо да се преправате дека не сте гладни и ќе јадете само салата – одите на огромни у вкусни хамбургери.

2. Кога другата личност е загрижена и сака да се погрижи дека безбедно ќе стигнете дома.

3. Кога добивате комплименти за облеката која ја носите и сте ја бирале специјално за таа пригода.

4. Кога ви се јавуваат за да се договори средба, наместо да си пишувате пораки.

5. Кога правите нешто лошо заедно и сте многу возбудени дека животот го живеете опасно.

6. Кога се почитува мислењето на другиот без да се наметнува сопственото.

7. Кога имате заеднички интереси и кога се трудите да слушнете нешто што го интересира другиот.

8. Кога взаемно си поставувате прашања, а не едната личност да се чувствува како да прави интервју.

9. Кога ќе добиете порака дека убаво сте си поминале или пак за добра ноќ.