Навики кои ги уништуваат витамините во телото

За оптимално здравје и беспрекорно функционирање на сите органи во телото, а посебно мозокот, потребни ни се витамините кои ги внесуваме преку храната.

hrana_ovosje

 

Без разлика дали ги внесувате доволно преку свежа и здрава храна, има неколку навики кои ја оневозможуваат целосната апсорпција на истите.

Алкохол

Пиењето алкохол ги уништува витамините А, Ц и Б комплекс. Ако веќе ви е потребна по некоја чашка неделно ( во умереноста е здравјето) тогаш решете се за чаша црно вино кое е полно антиоксиданси или кригла темно пиво богато со Б витамини.

Кофеин

Бидејќи кофеинот делува како деуретик, со течноста која ја исцрпува од вашиот организам, брзо се исфрлаат и витамините растворливи во вода, а со тоа се спречува апсорпцијата и на калциум и железо. Кофеинот исто така, поттикнува зголемено лачење на хормонот на стрес – адреналинот.

Запомнете дека кофеин има во повеќето енергетски или газирани пијалаци, а евентуална здрава варијанта би бил зелениот чај кој е богат со антиоксиданси.

Стрес

Може не го сметате стресот за навика, но тој е баш тоа. На многу нивоа, како го доживувате стресот е ваш избор.  Кога е под стрес, телото како лудо ги троши Б витамините, па затоа и поголемо количество на овие витамини може да делува антистресно.

Секако, најдобро е да научите како да се справувате со стресните ситуации.

Шеќер

Шеќерот е една од најштетните храни, а сепак е најтешко да го избегнеме. Некои нутриционисти го нарекуваат „анти-витамин“.

Бидејќи тој нема никаква нутритивна вредност, за да телото го свари мора да „украде“ нутриенти. Така телото останува без витамин Ц, Е и . Поради истата функција од коските и забите се извлекуваат минералите калциум и магнезиум, па така станувате подложни на остеопороза и кариес.

Тутун

Веќе добро знаете дека пушењето е апсолутно штетно за здравјето. Телото останува без сите витамини, а најмногу се троши најбитниот од нив, витаминот Ц. Овој витамин е битен за формирање на колаген, па пушењето видливо ја оштетува кожата и врзивните ткива во телото.

Креми за заштита од сонце

Навиката да се штитите од сонцето со различни креми е штетна бидејќи не дозволува формирање на витамин Д. Последниве години бомбардирани сме дека треба да се заштитеиме од сонцето за да не добиеме рак на кожата, но последниве години состојбата на недостаток на витамин Д е раширена низ целиот свет.

За да телото биде во состојба природно да создаде доволно количини од овој витамин, потребно е 20 минути дневно поголемите делови од телото (нозе, раце, грб) да бидат изложени на сончевите зраци.