Слоевито зимско облекување со стил

Слоевитото облекување е најмудрата препорака за ладните денови, но многу жени избегнуваат впечатливи слоевити комбинации, бидејќи не се сигурни дали изгледаат елегантно ако слоевите се гледаат.

stil_moda

Уличната мода вели дека може да изгледате неуредно слоевито со стил, но овие модни комбинации не ја исклучуваат елеганцијата. Освен тоа, слоевитото облекување е практично – може да ги соблечете горните слоеви ако ви е премногу топло во просторијата во која моментално престојувате.

1. Кошула, елек, пуловер, џемпер

Сè што можете да облечете врз кошулата за да се гледаат ракавите, јаката, манжетните, претставува додатен топлотен слој и се вклопува во елегантниот или лежерен стил. Црно-белата комбинација е погодок без грешка, но може да комбинирате и нијанси од иста боја, да вклопувате пастелни варијанти или да изберете смели и ведри бои.

2. Фустан преку панталони

Тоа може да биде туника до над колена, но и фустан до колена или до половина на листовите, со шлиц или без. Инспирацијата побарајте во музичките спотови или комбинации од модните ревии. Високата мода може да се прилагоди и да биде практична.

3. Слоевити комбинации со шалови и пелерини

Ако вашата комбинација е смела и екстравагантна, тогаш сè треба да виси, да се гледа и да ѕирка. Шаловите, пончото и пелерините ја потполнуваат таа разиграна слика.

4. Трикотажа, волна и фармерки

Кежуал стилот подразбира трикотажа и волна, која се комбинира со фармерки. Сè е меко, растегливо, асиметрично и пријатно за носење. Џемперот може да се соблече и да се заврзе околу половината, а капата може да остане на главата иако не сте надвор.