Со „Наша Македонија“ да ги откриеме тајните и убавините на нашата земја

  • Бидете дел од приказната, испратете фотографија или видео на: nasamakedonija.mk

Sasko

Што за вас претставува Македонија? Како најлесно и најточно би ја дефинирале и со што би ја поистоветиле нашата земја? Дали се тоа падините на Шара, очите на Пелистер, кањонот Матка и прекрасното темно зелено езеро кое го крие во своите пазуви, тетовската менада, средновековните византиски икони, мирисот на расцветаните липи, „Дениција“ на Петре М. Андреевски  или кој било друг мирис, вкус, место кои „од прва“ ви го скицираат лицето на нашата земја.

Ова се прашања кои Македoнски Телеком ви ги поставува тргајќи од идејата дека секој од нас има свое омилено и посебно место, адет, музика, личност, парче од историјата или настан кои нé асоцираат на Македонија.

По тој повод повикани се сите кои би сакале да дадат свој придонес најубаво да ја нацртаме нашата земја со фотографии и видеа кои најблиску го опишуваат чувството дека сте дома. Сé што треба да направите е да ја посетите страницата http://nasamakedonija.mk/ и да кликнете на линкот „Учествувај“ каде ќе можете да ги објавите фотографијата или видеото за кое сметате дека за вас лично се симбол на Македонија.

Во авантурата да се пронајде најсликовитиот приказ на нашата земја нé води актерот Сашко Коцев чија задача е најдобрите предлози да ги посети и искуси.

„Проектот Наша Македонија полека но сигурно станува дел од мојот живот, секојдневно добиваме интимни и многу лични предлози за тоа што оваа наша земја претставува за секој од нас. Иако сите знаеме дека нашата земја крие неверојатна и уникатна убавина сепак кога ќе ја видиш и доживееш  личната исповед  и приказна на луѓето тоа добива една сосема поинаква вредност. Ве поканувам сите да учествувате и заедно да ја насликаме досега најубавата слика за Македонија и да научиме за сите тајни кои таа ги крие.“- вели Сашко.