Супер трик како градникот да не ви ѕирка од фустаните со гол грб!

Класичниот градни и фустанот со гол грб никогаш нема да биде добра комбинација. Односно, тоа е модното правило број 1 кое не смее да го прекршите – градник и разголен грб.

trik

Веруваме дека и вас многупати ви се случило да ви се допадне некој секси фустан со гол грб, но да мора да се откажете од истиот затоа што немате соодветен градник.

За повеќе да не се откажувате од фустаните во кои ќе се вљубите, ви го откриваме најпрактичниот начин на кој може да го решите проблемот.

trik1

Трансформирајте го обичниот градник во градник кој нема да ѕирка под летните фустани и маички на следниов начин:

Измерете еден ластик кој ќе ве опфати како на сликата, исечете го и на краевите зашијте му ги деловите за закопчување од стар градник.

Потоа наместо градникот кој го носите да го закопчете на стандарден начин, закопчајте го со помош на овој ластик, формирајќи Х на грбот.

trik2