Велигденските празници носат мир, спокој и убави мигови за секој човек. Тоа се моменти на радост, семејни и пријателски дружења.
Бојадисувањето или вапцањето на Велигденските јајца зазема централно место во домовите на верниците. Дел бојадисуваат само Велигденски јајца во црвена боја, а дел покрај црвени, вапцаат и Велигденски јајца кои се во различни бои и претставуваат вистинска мала уметност.
Погледнете видеа со 5 предлог начини за бојадисување на Велигденските јајца:
Традиционално бојадисување на црвени Велигденски јајца – потребни се: јајца кои ќе ги сварите тврдо, боја за јајца, алкохолен оцет, салвети, памук и масло за готвење. Видеото погледнете го на линкот.
Бојадисајте 50 Велигденски јајца со боја во капсули – потребни се: тврдо варени јајца, садови за боја, боја во капсули, оцет, хартија за цедење, памук и масло за мачкање. Деталите прочитајте ги на линкот.
Бојадисајте Велигденски јајца користејќи чипка – потребни се: варени јајца, боја за фарбање јајца, чипка и ножици. Видеото погледнете го на линкот.
Бојадисајте Велигденски јајца со ластичиња – потребни се: тврдо варени јајца, бои за јајца кои се раствораат во вода, ластичиња, садови за растворање, салвети, вода и оцет. Целото видео со постапката за бојадисување на Велигденските јајца погледнете го на линкот.
Како да направите украсни Велигденски јајца – Потребни се: бојадисани Велигденски јајца, украсни салвети со мотиви, неизматени белки, мала четка за боење, фломастери и контур боја (се купува во книжарница). Детални упатства како да направите украсни Велигденски јајца погледнете во видеото на линкот.