Викенд хороскоп 30-31.01 2016

horoskop1

Овен

Ќе имате доста работа и обврски, а вие ќе уживате во се што ќе работите. Некои од вас ќе бидат преокупирани со средувањето на љубовните проблеми. Личноста со која сте во врска ќе направи се за да ве израдува. Треба да го цените тоа. Слободните Овнови да бидат претпазливи на кого ќе му го подарат срцето. Здраствената состојба доста чуствителна, обрнете повеќе внимание на исхраната.

Бик

Можно е дека ќе одите или веќе сте на некакво кусо патување, можеби и до пријатели или роднини кои не живеат во местото на вашето раѓање, или пак партнерот по деловни обврски да заминува на пат. Можеби другите вршат преголем притисок или влијание на вашите одлуки, па оттаму можеби малку повеќе импулсивност и реакции отколку што вообичаено се очекува или го манифестирате. Совет за викендов е да не започнувате дискусии и расправии во возило со кое управува вашиот партнер или пријател.

Близнаци

Најголемиот дел од времето ќе го посветите викендов на нечија здравствена состојба, исхрана, хигиенски навики и слично, посебно ако тоа е и областа со која се занимавате или е делокруг на вашата работа, а може и да заработите. Внимавајте некој да не ве поткраднува, а тоа најчесто ќе се случува на пазар, маркет или во продавница пак во врска со лекови, храна или средства за хигиена. Премногу окупираност по парите, размислувања на каков начин да се заработи можат да доведат до здравствени проблеми. Први реакции се болки во главата.

Рак

Брзоплетоста е клучен збор за вашата момнетална ситуација. Промените и секојдневните предизвиции бараат голема количина на одлучност. Во љубовта внимавајте од љубомора и кавги кои би можеле сериозно да го оптеретат односот. Партнерот е склон кон доминација неговото однсување е на границите на дозволеното. Родените во Јуни особено ќе бидат емотивно напнати и експлозивни. Здравје: добро.

Лав

Викендов некако најврзани за домот и домашните, но не и повлечени ако мислите на некакво осамување. Имате огин премногу во себе за да се осамувате и повлекувате, освен ако немате некоја тешка траума или психолошки проблем. Можеби ќе бидете насочени кон грижа или нега на родител, ако за тоа има потреба, или за некој друг во семејството. Наклонетост кон осудување на чинови и постапки на други луѓе. Вие како да знаете за се што треба и како треба да се стори, нормално апстрахирајќи дека тоа го мислите сметајќи исклучиво на сопствената полза.

Девица

Викендов можеби ќе имате многу повторни средби со пријателите од детството или запознавања на личности кои биле во пријателски или роднински врски со некој близок од вашето детство или младост. Можни се патувања, куси пред се, ако веќе и не сте тргнати спојувајќи го викендот со претходниот празник. Имате деновиве силна волја и моќ да влијаете на настаните со своите одлуки, најчесто на емотивна, сентиментална основа и природа. Внимавајте на сопствената љубомора и одмаздољубивост. Внимавајте на патувања со пријателите, особено не дозволувајте брзо возење.

Вага

Викендов можеби ќе се соочите со погрешна лична проценка на личностите, можеби преку некакво ветување за помош, и на финансиски план, која нема да се оствари, од себични или какви било други причини на пријателот, можеби љубомора ако сте му ја кажале целта на позајмувањето, но и поради промена на расположение на истиот притисок од неговиот партнер и слично. Како и да е, можни се лоши искуства со пријатели, но и со домашни, ако темата е некакво наследување или поделба на наследеното, односно дискусии на такви или слични теми. Но од друга страна родител може да ви помогне финансиски со совет или и со едното и другото.

Скорпија

Своите ставови и филозофии ќе ги изнесете директно и без пардон, а тоа може да значи и да влијаете врз мислењето на другите иако ги има и таквите кои тоа нема да ви го одобрат. Но проблеми се можни на религиозен план и несогласување со некои личности кои ви препорачуваат религиозни ставови и погледи, а чие однесување не соодветствува на кажаното. Можеби проблеми со странци, патувања во странство или пак со високото образование односно некакви испити, полагања и слично.

Стрелец

Можеби викендов ќе му давате многу значење на сексот и сексуалните пориви, можеби ќе чувствувате страв или непријатност по ова прашање поради лична фрустрираност, неспособност да се опуштите или отворите, или пак поради осуда на партнерот, љубомора, мислење дека немате поткрепа или помош од таа страна и слични расположенија кои можат да бидат исклучително променливи. Викендов се можни некакви духовни или спиритуални искуства и промени, помали или поголеми, зависи од вашите лични хороскопи.

Јарец

Во партнерот барате пријател, но големо прашање е дали и ќе го најдете посебно ако е тој од редот на разведените и има деца од претходниот брак. Привидот на пријателства се само прикриени интереси што е и нормално за деведесет насто од популацијата која размислува со его свеста. Од друга страна, партнерот може да го најдете и од кругот на досегашните пријатели, од кои некои и не сакале да бидат пријатели, но морале да се задоволат поради вас со таков статус. Но можни се и некакви расправии со пријатели наспроти вашиот брак или партнерот.

Водолија

Не сакате наметнати обврски, а викендов токму таквите може да ги има еден куп, па оттаму остварувањата можат да бидат половни или никакви. Не заборавете дека заднинските аспекти се исклучително лоши, па ако нешто го правите без интерес и концентрација, можни се дури и повреди или незгоди. Најчест притисок прави едниот родител, а вие ќе се обидете да го задоволите дури и ако имате здравствени проблеми, со што си правите мечкина услуга. Опасности од озборувања, посебно ако и вие учествувате во нив.

Риби

Имате можности за многу забава, ведро расположение или да бидете забавни и да ја пренесувате веселоста врз другите со некакви искуства од странство, од патувањето, или пак вие да сте весели поради престојот во странство, некакви тамошни случувања и запознавања. Можни се и патишта на подалечни дестинација поради забава или задоволство. Викендов се можни многу комуникации со деца, најчесто сопствени и тоа поради подготовки за започнување на школската година.