Забавата со Fit One може да започне, нова сезона со нова програма!

Нова сезона, нов распоред и нова супер ФИТ програма!

Logo-Fit-One-1

Fit One во сезоната 2016/2017 одржува часови на 8 локации користејќи простории во основни училишта во Скопје.

lokacii-FitOne

Одберете ја програмата која најмногу ви одговара и приклучете им се на оние на кои вежбањето веќе им прерасна во забава, кои секоја сезона ги потврдуваат врвните резултати и секојдневно се чувствуваат здрави и вити.

Програма на Fit One

  • ZUMBA Fitness

Zumba Fitness – најзабавното вежбање користејќи фитнес кореографии комбинирани на латино музика.

  • Fit Ball Pilates

Fit Ball Pilates – најпопуларниот систем на вежби на топка за витко, еластично и убаво обликувано тело.

  • Fit Energy

Fit Energy – високо ефективен аеробик тренинг за редукција на масното ткиво и подобрување на флексибилноста и координацијата во ритам.

  • Dynamic Pilates

Dynamic Pilates – статични вежби на простирка за подобрување на еластичноста, зацврстување и правилно држење на телото.

  • Step One

Step One – интензивен аеробичен тренинг со помош на степер за зацврстување на нозете и задникот.

Мисија на Fit One не е само да им помогне на луѓето да ослабат, туку да го сменат комплетно својот начин на живеење, а вежбањето да стане секојдневна здрава навика на секој човек. Секому му е потребна минимум 30 мин. физичка активност, три пати во неделата, за да ја подобри флексибилноста, работата на кардиоваскуларниот систем, да го намали стресот, да одржи добра килажа и комплетно да биде здрав. Покрај физичката активност, потребно е да се грижите и здраво да јадете. Всушност тоа е клучот за комплетен успех.

Искусните и професионални инструктори се тука да ве насочат и да ви укажат како да се грижите за своето здравје и тело. Без разлика која е вашата мотивација (да ослабете, да имате повеќе енергија, да се грижите за вашите деца после долгиот и напорен ден на работа или едноставно да изгледате подобро), тие ви гарантираат сигурни резултати и грижа секој од вас да биде поздрав, посреќен и да биде полн со енергија.