Забранете теми за разговор на првиот состанок

Првите состаноци се возбудливи и забавни. Тие вметнуваат новости во една свежа врска и даваат толку многу можности.

vrska_ljubov_sostanok

Но, би сакале да бидете внимателни за што ќе зборувате. Има некои теми кои би било убаво да ги избегнете – барем додека не видите каде оди целата работа.

Бидете опуштени, подготвени и избегнете ги овие 7 теми:

1. Вашиот бивши

Можеби имате навистина интересен бивши со навистина интересни приказни, но вашиот прв состанок со ново момче не е идеално време за тоа. Ако завршите во сериозна врска, тогаш можеби и смеете да се отворите на таа тема. До тогаш, фокусирајте се на тоа да го запознаете што е можно подобро.

2. Вашето сексуално минато

Тоа е нешто за што ќе сакате да зборувате во некој момент. Но, тоа не е тема за прв состанок. Почекајте спонтано да се спомне во некој друг момент кога веќе ќе се познавате. Тогаш е сосема природно да зборувате за тоа. Веќе сте поотворени и се знаете подобро и може да ви биде од помош да зборувате на вакви теми.

3. Вашите лоши навики

Никако не зборувајте за ова. Сите имаме лоши навики и тоа е дел од тоа да се биде човек. Плус, тој сам ќе ги открие без да му ги кажете. Нема потреба да признаете дека гризете нокти, дека сте несредени или било која друга маана што ја имате.

4. Политика

Ако ви е важна политиката и сакате да ги знаете неговите политички ставови, тогаш почекајте малку повеќе пред да ја отворите ваквата тема. Првите состаноци треба да се забавни и интересни, а не длабоки и емоционални. Единствените искри кои треба да ги видите се оние од вашата хемија. Почекајте да стане малку посериозно пред да зборувате за политика.

5. Проблеми со семејството или пријателите

Ретки се луѓето кои немаат проблеми со пријатели или со фамилијата. А, тие кавги знаат да бидат многу фрустрирачки и ви е потребен некој за да зборувате на таа тема. Но, личноста на прв состанок не е тоа што го барате. Треба да бидете во навистина сериозна врска за да може да зборувате за луѓето во вашиот живот.

6. Финансиски проблеми

Сите во еден момент или во друг заглавуваме во финансиски проблеми. Но, сепак тоа не е тема за која би сакале да зборувате на прв состанок. Навистина не сакате да зборувате за долгот кон банката или дека доцните со кирија. Не е забавен разговор нели? Подобро фокусирајте се на згодното момче со кое сте излегле и трудете се да си поминете што е можно поубаво. Финансиските проблеми се тема за сериозни парови.

7. Колку деца сакате

Ако ја отворите оваа тема на прв состанок, не очекувајте да го видите уште еднаш. На тој начин само ќе го исплашите и ќе го избркате од вас. Секако дека треба да разговарате на оваа тема со мажот со кој планирате иднина, но не знаете дали овој ќе биде тој. Додека не дознаете, држете се понастрана од теми кои припаѓаат за сериозните врски.