Што сликата на профилот на Facebook говори за него

Луѓето се визуелни суштества, а иако таа карактеристика често им се препишува на мажите, мораме да нагласиме дека ни жените во тој поглед не заостануваат, бидејќи ретко дека ќе не заинтересира нечиј пофил, ако не ни се допадне и фотографијата која доаѓа со него во пакет.

??????????

??????????

 

Професионална фотографија

Професионалната фотографија можеме да ја лајкаме само во случај да се работи за модел кој на тој начин заработува за живот, бидејќи во спротивност таа приказна сугерира на две работи: а) мажот пати од вишок наследство или б) тој е исклучително неатрактивен, а му е потребна помош од професионалец.

Тој и животни

во ред е да се сакаат животните, но ако е очигледно дека тоа прераснало во некој вид опсесија, баш како што е случајот со автомобилите, чевлите и останатите работи – јасно ни е – избегнува да поработи на сопствените проблеми. Љубовта кон другите може е најкомплицирана, но е и највредна. Разочаран е од човечкиот род? Одлична подлога за долготрајна врска… Не!

Директно од бањата

Хм, зарем нема некој кој би можел да го слика? Добро, може и има, но сам себе си е доволен. Покрај тоа, таков секси излезен од под туш, па тоа мора да го овековечи и подели со светот. Имајте го на ум следново – заљубен е во самиот себе и мисли првенствено на себе, секогаш и засекогаш.

Секогаш во друштво

Секако дека сакаме мажи кои имаат богат социјален живот, бидејќи нам тоа ни говори една работа – нема да ви „виси на врат“! Од друга страна, ако не сте пронашле ниедна негова соло слика, туку сите се од забави, кафулиња и концерти, веројатно се работи за човек кому друштвото му е на прво место и тешко дека тоа ќе го промени поради било кој од вас. Исто така, тој е проблематичен тип кој секогаш е соло.

Има се, само него не

За него знаеш само едно, а тоа е дека има сјаен вкус за професионални фотографии од пејзажи… А каде е тој? Го нема? Зашто? Затоа што или е грд или крајно искомплексиран. Тип кој не умее да прифати внимание и комплиментите не звучи добро.

Тој со поранешната

Фотографијата на профил каде е со неговата поранешна може да значи две работи: тазе прекин, па не стигнал да ја промени сликата или дека тој сеуште жали и моли за својата совршена половина која неповратно ја изгубил. Во секој случај, не вреди да се впуштате во било какви емотивни односи со ваквите момци.

Фотографија „Успешен сум“

Тој има одлична работа на која е исклучително горд,  па неговиот  профил е ис полнет со фотографии од најновиот службен лаптоп, мобилен телефон, слики од службени патувања и слично. Иако се чини дека има одлична кариера и води динамичен живот, тој во суштина е воркохолик. А со ваквите луѓе заборавете на забава и внимание, бидејќи работата му е пред се.

Фотографија „Богат сум“

Неговиот одличен автомобил, неговата јахта, неговата брендирана облека… Сфативте – се што поседува чини многу пари! Супер за него, но не и за вас. Таквите типови често живеат во своите позлатени балончиња, па мислат дека се може да се купи со пари, па  жените. Но клучниот збор е – мислат!