Животни лекции кои треба да ги научите од пропаднатите врски

Минатите врски се тие кои ги сметаме за виновници за емотивниот багаж кој го носиме со себе, стекнатиот страв од раскинување, како и изгубеното време, енергија и чувства.

breakup

Многу често на неуспехот гледаме како на негативна работа, било да се работи за неуспех во личниот или деловниот живот. Но ако погледнеме од друга перспектива, соочувањето со овие неуспеси е клучно за достигнувањето на нови успеси во понатамошниот живот. Тие можат да не научат на многу нешта за самите нас, како и за тоа како се справуваме со ситуациите во животот.

Учите повеќе за себе и за својот живот

Кога ќе успеете да создадете блиска и сериозна врска со некого, тогаш доаѓа до израз вашиот вистински карактер. Карактерните особини кои можете да ги согледате во една врска може да не се истакнуваат толку многу кога сте со пријателите, бидејќи дури и кога поминувате многу време со нив немате така длабоки емотивни очекувања како кон партнерот со кој се забавувате посериозно.

Кога се поврзувате со некого на подлабоко емотивно ниво можете да ве научите многу за тоа како се справувате со блиските луѓето, какви манири имате, кој е вашиот личен печат, кои се вашите вистински вредности и каков став имате кон светот воопшто.

Кога имате партнер кој е сличен на вас, она што го осознавате за него е како рефлексија на сите оние нешто кои не сте ги забалежувале кај самите себе. Доколку пак вашиот партнер е многу различен од вас, тогаш судирите и фрустрации ќе ви помогнат да ги осознаете сопствените силни и слаби страни, што сакате, а што не, како и колку сте подготвени да направите компромиси.

Учите подобро да комуницирате и да се изразувате

Врските обично ве учат како подобро да се изразувате, особено ако предходно не сте го правеле тоа. Една врска ја прават двајца луѓе, а не двајца кои читаат мисли. Освен ако немате таква среќа да бидете во врска со некој кој знае што ви е на ум и што чувстввате со еден поглед, тогаш мора да комуницирате и да објасните толку добро што другата личност ќе знае што точно мислите.

Пропаднатите врски не учат дека комуникацијата е клучна за взаемно разбирање. А разбирањето е клучно за секој аспект од животот. Без јасна и коректна комуникација, и разбирање од двете страни, големи се шансите да дојде до расправии и препирања. Кога тоа се случува постојано, неизбежниот резултат е двете страни да не се чувствуваат цените и сакани, иако ова понекогаш е сосема немамерно.

Ја откривате вашата чувствителна страна

Да се биде сериозна врска и да му се дозволи на некој да биде дел од вашиот живот бара многу храброст и сила. Кога се разоткривате самите себеси пред некој друг и кога дозволувате да бидете ранливи може да се случи да се почувствувате толку слаби, но всушност тоа ве прави силни.

Воопшто не е лесно да се запознаете самите себеси, со сите страсти, силни и слаби страни, а најтешко е да стапиме во контакт со нашите вистински емоции. Кога сме во врска стануваме толку емотивно ранливи што успеваме да дознаеме што е она што не прави да се чувствуваме исполнето, што не задоволува емоционално и што ни дава самодоверба и верба во животот.

Секој има различна дефиниција и различен начин на искажување на љубов. Доколку двајца луѓе имаат сосема различна дефиниција и начини на искажување на љубов, двајцата можат да се чувствуваат неисполнети, бидејќи „ќе се изгубат во преводот“. За некои луѓе искажувањето на љубов се основа на давање и примање на материјални нешта, за други пак љубовта подразбира сигурност, а трети пак бараат наклонетост. Што и да преставува љубовта за нас, единствениот начин да откриете што навистина прави да се чувствувате добро е преку врска со одреден близок партнер. Ако сте многу среќни можеби „вистинскиот“ партнер ќе биде првиот, но повеќето од нас мораат да искусат неколку скршени срца пред да ја најдат совршеноста.

Ги учите вредностите на давање и земање

Компромисите можат да бараат многу работа, особено за луѓе кои низ својот раст и развој минувале поиндивидуално. За други пак ова може да биде сосема нормално, доколку растеле во големо семејство и заедница.

Кога има хемија, има и согласност. Но не мора да значи дека ќе има подеднакво и од двете. Ако хемијата е посилна од согласнота, тогаш веројатно ќе бидат потребни многу компромиси за се, од тоа како секој од партнерите гледа на светот и ги разбира нештата и во што верува, до каков вкус има за мизика, храна и животен стил. Доколку согласноста е поголема од хемијата, тогаш може да има и недостаток на страст и да дојде до досада.

Во една врска, една од најважните работи кои се учи е уметноста на давање и земање. Ние луѓето сме себични по природа, и потребна ни е многу волја да за можеме да даваме и земаме на исто ниво, без да се јават разлики и недоразбирања. Кога врската станува премногу тешка за одржување, тогаш сфаќате дека сето давање и земање полека доаѓа до својот крај. Во одреден момент мора да сфатите дека не постои компромис кој можете да го направите и нештата да тргнат по нагорна линија.

Станувате поемпатични

Кога сакате некого важна ви е нивната среќа, односно сакате таа личност да биде среќна. Без да бидете свесни почнувате да се ставате себеси во нивна позиција, станувате помалку себични, се обидувате да направите се за нештата да бидат добри и развивате повеќе емпатија кон таа личност.

Доколку никогаш не сте биле во сериозна врска, не можете да знаете како изгледа кога се грижиш за некој толку многу (освен за семејството) што се обидуваш со сите сили да го разбереш, наместо да си ги задоволиш себичните потреби.

Врските пропаѓаат во оној момент во кој емпатијата се губи, тогаш станувате посебични и повеќе не се обидувате да ја разберете другата личност, туку сакате да ги задоволите сопствените потреби за среќа. Емоционалните и ментални компромиси кои треба да ги правите за среќата на другиот почнуваат да ве истоштуваат. Но, без разлика на се ова ве учи на важна емоционална лекција. Она што го учите е како и колку вашата среќа може да се поврзе со среќата на другиот.

Учите да бидете трпеливи, смирени и издржливи

Врските не учат да ги контролираме нашите емоции. Ако вашиот партнер има бурен темперамент учите да бидете смирени, трпеливи и издржливи со цел да се справите со „пламенот“. Ако пак вие сте тие со бурниот темперамент учите да ги контролирате емоциите, и да броите до десет пред да почнете да викате и да покажете агресивност.

Колку и врската да била исполнета со недоразбирања, времето поминато во пропадната врска не е залудно. Во врска учите да ги контролирате вашите емоции, темперамент и расположение, што секако е многу важна вештина која ќе ви служи во животот.

Учите да ослободите минатото

Во животот, можете да имате се, но никако се одеднаш. Ако дозволите една личност или работа да си замине од вашиот живот, дозволувате да дојде нешто ново и подобро. Доколку се држите за нештата од минатото, нема да можете да продолжите да живеете во сегашноста. Кога не се чувствувате добро во ситуацијата во која сте, дозволете и да биде минато. Направете место за подобри нешта.

Да научите да ослободите некого или нешто не е воопшто лесно, треба да научите да ги контролирате мислите, умот, емоциите и реакциите. Но, кога еднаш ќе го направите тоа ќе се чувствувате многу подобро. Затоа не жалете за своите минати љубови и заблагодарете им што влијаеле да се запознаете себеси како личност.