Бидете убави и на минус температури

Температурите ништо чудно веќе да се спиштаат до нулата, но освен зимска гардероба, потребно е да се опремиме и со зимски производи за нега на кожата.

zima_ubavina

Во студените есенски денови кожата е изложена на ветер, дожд и ниски температури и затоа правилната нега е неопходна за вашиот изглед да остане беспрекорен. Еве на што треба да внимавате:

Богата крема за лице

Без разлика дали тоа е хранлива (за сува и чувствителна) или хидрантна (за мрсна и комбинирана) крема за лице, важно е  вашиот дневен крем редовно да го нанесувате. Одличен избор се кремите богати со витамин Е, антиоксиданси и јаворов сируп и ако не знаeте каков вид на крема Ви одговара – побарајте совет од дерматолог.

Крем за раце

Под влијание на ветрот, рацете лесно ни пукаат, па не заборавајте задолжително да нанесувате  крем за раце неколку пати на ден и пред спиење.

Лосион за тело кој брзо се апсорбира

Иако се смета дека “зимскиот” лосион за тело треба да биде побогат од “летниот”, ние веруваме дека првенствено е важно да изберете производ, кој брзо се апсорбира. Поточно, во зимските месеци, жените побрзо се тушираат и често прескокнуваат да нанесат лосион за тело, предизвикувајќи кожата да се исуши и затоа лосионот кој брзо се апсорбира е вистински производ за вашата кожа да биде убава и негувана.

Крема за стопала

Нозете не треба да ги игнорирате ни кога тие се под хулахопки и секоја вечер пред да одите на спиење нанесете на нив хранлив крем или лосион за тело.

Грижа за усните

Без разлика кој производ го користите, кога станува збор за заштита на усните, најбитно е само на ветрот да не излегувате без него. Со класична гроздова маст, која е одличен производ и навлажнувачки кармин  и двете ќе ги штитат Вашите усни и ќе изгледате секси.

Пудра

Камената пудра слободно заменете ја со течна која ќе го заштити вашето лице од ветер и студ.