Иако со него ги споделувате сите тајни и разговарате сосема искрено, не очекувајте дека токму тој ќе ги замени вашите пријателки.

Можеби токму тој е љубовта на вашиот живот, но сепак не може од него да очекувате да биде буквално сè што ќе посакате.
Овојпат ви претставуваме 4 знаци дека можеби веќе и премногу барате од вашето момче, како и тоа дека е крајно време за “мал одмор”.
Разочарување
Иако со него споделувате речиси сè, сепак не очекувајте дека токму тој ќе ви ги замени пријателките. Причината е сосема едноставна – тој не размислува како нив ниту пак го интересираат исти нешта. Па, ако не сака токму во петок навечер со вас да гледа женски серии, тоа и не е вистинска причина за разочарување. Токму затоа, организирајте женска дружба.
Привлечност
Ако со текот на времето тој го одбива сексот, тоа дефинитивно не е заклучок дека повеќе не сте му привлечни. Ако сексот не е променет драстично, тогаш и најверојатно се работи за замор или стрес.
Навреденост
Не очекувајте од еден маж да ги запомни буквално сите детали од вашите приказни, кои за него и сепак не се толку возбудливи. Мажите се ориентирани кон решенијата, а не и кон деталите. Секако дека очекувате тој да биде психички присутен додека разговарате, но не очекувајте и да ги помни ситниците.
Нервирање
Ако тој не сака да оди на роденден со твоите пријателки или на заеднички тренинг, тоа е сосема нормално. Тоа и не значи дека повеќе не ве сака, туку едноставно има некои поинакви интереси. Стручњаците често опоменуваат дека колку и да е важно да се имаат заеднички интереси и хобија, токму за здрава врска се важни и оние индивидуалните.