Австралија ќе ги враќа сите имигранти на соседните острови

Австралискиот врховен суд ја отфрли во средата жалбата на една имигрантка за присилниот престој во центар за прифаќање на островот држава Науру, што создава простор за сместување на стотиците лица на овој оддалечен остров во Тихиот Океан наместо нивно прифаќање на австралиската почва.

Image

Австралија води многу цврста и конзервативна политика во однос миграцијата. Бродовите со имигранти и подносители на барање за азил се одвраќаат уште на отворено море, а имаше и сведочења од имирганти и криумчари дека австралиската влада плаќала за тие да бидат вратени во пристаништата од каде што испловиле.

Но покрај тоа, многу бродови со имигранти успеваат да допловат до австралискиот брег, а пота ги сместуваат во центрите за прифаќање на острово Манису во Папуа Нова Гвинеја, на островот Науру в Тихиот Океан, како и на Божикниот остров во Индискиот Океан.

На Врховниот суд на Австралија му се обрати неодамна жена од Бангладеш, којашто илегално пристигнала со брод и била сместена на островот Науру. Потоа била испратена во Австралија за да прими медицинска помош поради компликации во текот на бременоста.

Подносителката на жалбата побарала од високиот суд нејзиното враќање на Науру да биде прогласени за незаконско. Но судот оценил дека нејзиното задржување на островот е легално според законот за миграции, како и дека договорот потпишан меѓу Австралија и Науру за оваа сфера е уставно валиден.

Според нејзините адвокати, таа одлука ќе има последици и на другите 260 подносители на барање за азил, меѓу кои и 37 бебиња родени во Австралија и уште други 54 деца, испратени на овој континент од медицински причини. Одлуката, исто така, го отвора патот и за исфрлање од Австралија и преместување на соседните островски држави и на децата родени во областа на Австралија.

Во ноември на островот Науру имаше повеќе од 543 азиланти. Иако на имигрантите по проучувањето на нивното барање им се признава статусот на бегалци, не им се дозволува населување во Австралија. Политиката на официјална Канбера наидува на осуди од организациите за човекови права, но сепак ништо не се менува.