Аксл Роуз нов пејач на AC/DC наместо Брајан Џонсон

Австралиските пионери на хард рокот, бендот AC/DC, најави во саботата дека американскиот пејач Аксл Роуз од бендот Guns N’Roses, ќе го заземе местото на вокалистот Брајан Џонсон кој би можел да оглуви доколку продолжи да настапува, а засега не е познато колку оваа земена ќе потрае.

Image

На интернет страницата на AC/DC замената беше потврдена неколку часа пред Guns N’Roses да настапат сцената на фестивалот Коачела, во Калифорнија, на кој се собраа Аксл Роуз и Слеш, оригиналниот гитарист на групата, кои се во заладени односи повеќе од 20 години.

Аксл Роуз првпат треба да настапи со AC/DC на 7-ми мај во Лисабон, на првиот од серијата од 12 концерти во Европа. Рокерот потоа ќе се врати во Северна Америка на турнејата на Guns N’Roses предвидена да се одржи во 20 големи американски градови, како и во Торонто во Канада.

AC/DC на почетокот од март најавија одложување на низа концерти предвидени до 10-ти април објаснувајќи дека на сцената ќе се вратат „веројатно“ со нов пејач, Имено, лекарите му советуваа на 68-годишниот вокалист Брајан Џонсон „веднаш да ја прекине турнејата, бидејќи трајно би можел да го загуби слухот“.

„Членовите на AC/DC сакаат да му се заблагодарат на Брајан Џонсон на неговиот придонес и верност на групата во текот на сиве овие години“, соопшти австралискиот бенд без да наведува колку долго ќе трае неговата замена со Аксл Роуз.