Амбасадорите ќе го соопштат ставот по вонредната лидерска средба

Амбасадорите на Аиво Орав и Џес Бејли, уште еднаш во неделата го презакажа соопштувањето на процената на Европската унија и САД околу тоа дали во земјата се создадени услови за одржување на предвремени парламентарни избори на 24-ти април, а во раните попладневните часови е најавена вонредна лидерска средба на челниците на четирите најголеми партии.

Image

На средбата во Клубот на пратениците во Скопје, треба да присуствуваат првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, а според непотврдени информации амбасадорите треба да им ја соопштат процената на меѓународната заедница за тоа дали има услови изборите да се одржат на 24-ти април.

Лидерската средба следува веднаш презакажувањето на објавувањето на препораката од ЕУ и САД за тоа дали има услови за одржување на изборите на 24-ти април која денеска во 14,30 часот требаше да биде доставена до Владата, но беше презакажана за 16,30 часот.

Според евроамбасадорот Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли, процената ќе се однесува на тоа дали се исполнети трите клучни услови околу одржувањето на изборите, а тоа се состојбата во медиумите, прочистувањето на избирачкиот список и одвоеноста на партијата од државата.

Претходно во неделата од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека останува на ставот предвремените парламентарни избори да се одржат во претходно договорениот термина на 24-ти април, додека најголемата опозициска партија СДСМ повтори дека не отстапува од нејзините услови да се создадат услови за фер и демократски избори, што според неа во моментов не се постигнати.