Орбан: Промена на европската шаховска табла по Brexit

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во неделата дека по заминувањето на Велика Британија од Европската унија следуваат промени на европската шаховска табла.

Image (3)

Орбан оценува дека Британците одлучиле од несредената Европска унија да ја земат судбината во своите раце.

„Ако се помрдне една фигура, а Велика Британија е една важна фигура во таа игра, целата игра се менува“, вели унгарскиот премиер.

„Луѓето во Велика Британија одлучија да ја земат судбината во своите раце, тие веќе не сакаат да се препуштаат, доста им е од несигурноста, доста им е од зборови без дела. Доволно им било повеќе во својата земја да не се чувствуваат како дома“, заклучува Орбан.

Унгарскиот премиер непосредно пред референдумот од 23-ти јуни се сретна до британскиот колега Дејвид Камерон и бараше до Британците да останат во ЕУ.

„Челниците на ЕУ не се ангажираа во борбата против миграцискиот бран кој доведе до пад на сигурноста, порастот на заканите и агресијата“, додаде Орбан

„ Унгарија избра друга насока, ЕУ преставува неред, Унгарија претставува ред“, порача.