Богдановиќ погоди преку пола терен за триумф на Фенер ВИДЕО

Кошаркарите на Фенербахче, како гости, славеа над Јесилгиресум (77:76), со тројката од половина терен која ја постигна Богдан Богдановиќ.

Image

Српскиот репрезентативец, на три секунди до крајот на мечот ја прифати топката, а потоа од половина терен преку блокот на противничкиот играч постигна поени.

Фенер се мачеше против незгодниот домаќин, во последниот период влезе со негатива од пет поени, а на крајот со малку среќа успеа да победи.

Богдановиќ мечот го заврши со 17 поени и четири скока. Фенербахче по 14 одиграни натпревари се наоѓа на второто место во првенството со 10 победи и четири порази.