Ван Гал: Нема да поднесам оставка

Менаџерот на Манчестер Јунајтед по натпреварот со Челзи за англиските медиуми изјавил дека нема да поднесе оставка на функцијата.

Image

Манчестер Јунајтед и Челзи, во рамките на 19.коло во Премиерлигата, одиграа без голови. Јунајтед е во лоша резултатска серија бидејќи нема победа на последните осум натпревари.

„Јас не можам да влијаам на својата иднина, можам само да работам со фудбалерите, а гледате дека тие се борат. Дури и по овој резултат навивачите ни ракоплескаа, па можам да ви кажам дека не сум премногу загрижен. Нема да поднесам оставка, особено кога фудбалерите ќе одиграа вака добар натпревар. Можеби медиумите тоа го посакуваат но јас немам намера да ја поднесам оставката“, рекол Ван Гал.

Инаку, англиските медиуми, минатата недела пренесоа дека Холанѓанецот добил ултиматум од челниците на клубот, дека мора да победи против Стоук и Челзи доколку сака да ја задржи работата. Јунајтед во овие два меча освои само еден бод.

Наредниот меч Манчестер Јунајтед ќе го одигра на 2.јанураи против Свонси на домашен терен, десет дена подоцна ќе гостува во Њукасл, а на 17.јануари го игра дербито со Ливерпул.