Луис Енрике го израмни рекордот на Гвардиола

Фудбалскиот клуб Барселона го израмни клупскиот рекорд според бројот одиграни натпревари без да биде забележан пораз. Мечот со Левенте, одигран во неделата, беше 28-ми на кој Барса не запиша пораз.

Image

Барселона, во предградието на Валенсија, славеше над Леванте со 2:0 и го израмни клупскиот рекорд од сезоната 2010/2011, кога на клупата седеше Пеп Гвардиола. Последниот пораз Барселона го забележа во октомври минатата година од Севилја.

Инаку, против Леванте, Луис Енрике 100-ти пат го предводеше тимот и ја забележа 80-та победа.

Во сезоната 2010/2011, Барселона со Гвардиола го освои првенството со четири бода повеќе од Реал, а потоа триумфраше и во Лигата на шампионите. Во споменатата сезона Барселона не успеа да го освои Купот на Кралот, во четврфиналето беше елиминирана од Бетис.

Луис Енрике, во среда ќе има можност да го надмине овој рекорд, кога Барселона ќе гостува во Валенсија, во полуфиналниот реванш во Купот на Кралот