Германскиот парламент ќе дискутира за масовните напади врз жените

Германските пратеници, кои се враќаат во парламентот по празничната пауза во понеделник, ќе дискутираат за масовните напади врз жените на новогодишната ноќ во Келн за кои во прв ред се обвинети имигрантите што ја разгоре полемиката за миграциските политики во земјата.

Image
Засега не е познато дали германската канцеларка Ангела Маркел, која повика на поостри закони за депортација од земјата како одговор на ваквите кривични дела., ќе говори во името на својата конзервативна коалиција.

Полицијата соопшти дека осомничените во најголемиот број од речиси 400-те кривични пријави во Келн се барател и на азил и странци кои илегално престојуваат во Германија.

Можно е канцеларката, која уште мора да осигури поддршка за предложените законски измени во самата коалиција CDU/CSU, да се осврне на нападите во Келн во говорот за европската миграциска политика, дознава германската новинска агенција DPA/

Нејзините конзервативни христијански демократи би требало во понеделникот да разговараат за владината програма со коалициските партнери социјалдемократите.