Груевски: Има доволно време за организирање на фер, демократски и слободни избори

Постои доволно време кое треба да се искористи од надлежните институции за сите неопходни процедури кои што ќе го гарантираат изборниот процес, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на средбата со државниот секретар на германското МНР, Михаел Рот.

Image
Груевски во тој поглед, како што информираат од партијата, рекол дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ се организирање на фер, демократски и слободни избори на кои што граѓаните ќе се одлучат за иднината на државата и дека изборите се единствен излез од наметнатата политичка криза. Тој истакна дека што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ ја дава максималната поддршка во поглед на спроведување квалитетен, фер и демократски изборен процес.

Соговорниците се осврнале и на темата на евроатланските интеграции при што Груевски истакнал дека членството во ЕУ и НАТО претставува стратешка цел, за што се преземаат мерките од реформскиот план.