Двајца обвинети во случајот „Шпион“ пуштени од притвор

Скопје, 27 септември, 2016 – 10:10 (META) 
osnoven-sud-skopje-1

Двајца обвинети во случајот „Шпион“, Миќо Насковски и Цветан Дамјановски, вчера доцна попладне биле пуштени од притвор, информираат од Основниот суд Скопје 1.

Како што информираат од Кривичниот суд, Апелацискиот суд во Скопје доставил решение со кое на Насковски и на Дамјановски им се укинува мерката притвор.

На последната јавна седница, СЈО ги презентираше своите наводи во однос на жалбите на обвинетите и побара од Апелацискиот суд намалување на казните за сите обвинети.

Апелацискиот суд сè уште нема донесено одлука за предметот „Шпион“.