Денеска пратениците ќе го гласаат тоа што го договориле нивните лидери

Скопје, 22 јули, 2016 – 10:20 (META) 
sobrani11-860x680

СДСМ денеска треба да се врати во пратеничките клупи за да се реализира договорот на партиите постигнат во средата. Тие го замрзнаа своето учество во највисокиот законодавен дом во знак на незадоволство од неизјаснувањето на Уставниот суд за уставноста на Законот за специјалното јавно обвинителство.

Изборниот законик треба да се измени уште денеска, а во текот на вчерашниот ден се очекуваше да биде поделена работната верзија на овој закон. Како резултат на партискиот договор, 171.500 лица што се појавија како сомнителни записи, а за кои се претпоставува дека се наоѓаат во странство, ќе се стават на дополнителен список. Нова проверка ќе биде потребна за околу 40.000 лица кои ќе бидат објавени од страна на ДИК во рок од три дена по усвојувањето на амандманите на Изборниот законик, а кои самите ќе треба да се јават за да го докажат своето избирачко право.