Децата со вишок масно ткиво имаат поголеми шанси за дијабетес уште во пубертетот

Децата кои на возраст до 10 години имаат вишок масно ткиво имаат поголеми шанси да развијат дијабетес во предпубертетскиот период во однос на послабите врсници, покажа канадско истражување.

Image
Научниците ја мереле висината и големината на колковите за да го проценат масното ткиво кај 600 деца на возраст од 8 до 10 години и повторно по две години. Откриле дека на секој процент на дополнително масно ткиво на почетокот на истражувањето  шансите за осетливост на инсулин паѓаат за три отсто, што претставува промена што му овозможува на вишокот на шеќер да се насобере во крвта и да доведе до дијабетес.

Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот JAMA Pediatrics. Научниците откриле дека повеќе вежбање и помалку време поминати пред екраните, е поврзано со подобрата чувствителност на инсулин што може да го намали ризикот од појава на дијабетес.

Намаленото количество на масно ткиво макар делумно може да ја објасни таа врска, вели водителката на истражувањето Мелани Хендерсон од Универзитетот Монтреал.

„Нашите резултати сугерираат дека треба децата од мали да ги охрабруваат на телесна активност и дека треба да се намали времето што се минува пред екраните за да се осигура здрава телесна тежина и подобро здравје подоцна во животот“, вели Хендерсон.

Хендерсон и нејзиниот тим се сконцентрирале на чувствителноста на инсулин, односно способноста на телото да со помош на тој хормон го регулира нивото на шеќер во крвта и да го претвори во гориво за клетките. Дијабетесот тип 2 се појавува кога телото не може да произведе или искористи доволно инсулин да спречи пораст на нивото на шеќер во крвта.

На почетокот на истражувањето 23 отсто од децата биле дебели, а уште 19 отсто имале прекумерна телесна тежина. Утврдено е дека дебелите деца имале поголеми шанси за нечувствителност на инсулин.