Откриен нов вид тарантула, наречен Џони Кеш

Новиот вид тарантула кој живее во близина на затворот Фолсом во американската сојузна држава Калифорнија, е наречен по музичарот Џони Кеш.

Image

Една од иконите на американската популарна музика Џони Кеш, речиси редовно на своите настапи облечен во црно, напишал песна во затворот Фалсом, во кој во текот на 1960-те години одржал низа концерти за затворениците.

Споменатиот вид „Aphonopelma johnnycashi“ е меѓу 14-те нови видови тарантули кои се откриени на југот од САД, кои научниците ги опишуваат во списанието ZooKeys.

Ова е одличен пример како биоразличноста може да се пронајде, понекогаш и буквално, во нашиот двор, изјави за BBC еден од авторите на студијата, Крис Хамилтон, од природонаучниот музеј на Флорида. „Многумина мислат дека новите видови доаѓаат од областите на Земјите, кои не се воопшто или се малку истражени, но тоа всушност не е така“, додава Хамилтон.

Сепак, примерокот од Aphonopelma johnnycashi, не е откриен во калифорниската дивина, туку во близина на населено место.

„Пајакот го откривме во подножјето на Сиера Невада, а во таа близина е и затворот Фолстом, па не требаше многу напор како да се нарече новиот вид. Името е совршено. Пајакот живее околу Фолстом, а мажјаците се доминантно црни. Сé се совпаѓа“, вели Хамилтон, А најмалку пречело тоа што самиот тој е обожувач на Џони Кеш и има негова тетоважа.