Анализата на „воскреснатата“ ДНК на неколку популации на древните Индијанци покажа дека доаѓањето на Европејците и болестите од Стариот свет навистина го предизвикало острото намалување на бројноста на популациите на „првите народи“ на Америка, се вели во студијата објавена во списанието Science Advances.

„Изненадувачки, но ниеден од геномите коишто ги проучувавме, кои ги најдовме во останки на повеќе од стотина древни Индијанци, не оставиле свои траги во ДНК на современото индијанско население на Америка. Единственото сценарио, коешто е во согласност со овие набљудувања, е целосното исчезнување на изолираните едни од други индијански популации откако тие почнале да контактираат со Европејците“, вели Бастиен Ламас од австралискиот универзитет Аделаида.
Ламас и неговите колеги дошле до овој заклучок и уште еднаш ги обвинија шпанските конквистадори и другите европски освојувачи и патешественици за геноцид над Индијанците, откако обновија фрагменти од ДНК, извлечени од стотина мумии од древниот народ Инки и од коски од претставници на другите древни народи на Америка.
Научниците ги заинтригирала таканаречената митохондријална ДНК (мтДНК), еден мал сегмент од геномот, кој е содржан во митохондриите, своевидни мобилни енергетски станици на клетките, и коишто се пренесуваат заедно со органелите од мајката на детето. Денес генетичарите и историчарите ја користат мтДНК (mtDNA) при составувањето „семејни стебла“ на различните народи и при следењето на нивните миграции и истории.
Користењето на митохондријалниот геном, му овозможило на тимот на Ламас да го следи начинот како мигрирале различните групи Индијанци во периодот речиси од моментот на нивното појавување во Америка, пред околу 16 илјади години, до почетокот на современата ера на историјата.
Споредбата на мтДНК покажало дека предците на Индијанците практички не контактирале меѓусебно по првичното раселување по Новиот свет, растурајќи се во изолирани групи пред осум до девет илјади години. Во таква форма тие популации опстојувале до почетокот на Новата ера, кога фактички сите древни хаплогрупи на митохондријалната ДНК целосно исчезнале.
Таквиот развој на настаните, кој укажува на тоа дека сите обрасци на ДНК произлегуваат од густо населените области на Северна и на Јужна Америка, зборува за тоа дека нивните носители масовно престанувале да суштествуваат, убивани или од болести, или по насилен пат.
Бидејќи таквото „изумирање“ на халогрупата на мтДНК се случило речиси истовремено кога во Америка продираат конквистадорите, според Ламас, може да се каже дека вината на Европејците за наглото намалување на популацијата на Индијанците и целосното исчезнување на редица племиња е целосно докажана.
макфакс