Компјутерите не можат да се мерат со луѓето при составување музички компилации

Сервисите за пуштање музика ги компилираат своите плеј листи потпирајќи се врз човечката стручност, компјутерски алгоритми или комбинација на двете.

Image
Без оглед на тоа што алгоритмите успеваат да состават пријатни плеј листи, не се способни за вистинска креативност, се наведува во магазинот “Technology Review” на Технолошкиот институт Масачусетс.

Компилациите составени со човечка рака можат да ги одведат слушателите во интересни нови правци или ненадејно да поврзат песни од различни жанрови.

Компјутерските алгоритми, во таа насока многу се подобрија последните години, но и натаму не можат да го разберат емотивниот одек или културниот контекст на песните, велат стручњаците.

Дури и кога карактеристиките на музиката се многу добро каталогизирани, од жанрот до инструментација и музичкиот клуч во кој се свири, изборот на песните според алгоритамот останува предвидлив, заклучуваат стручњаците.