Полицијата го бара, а тој им пратил поубава фотографија

Незадоволен од фотографијата што полицијата од американската држава Охајо ја ставила на потерница, Доналд Паг одлучил да испрати селфи.

Image

 

Паг е обвинет за бројни прекршоци, меѓу кои и вандализам и подметнување пожар, ја изненади полицијата кога и испрати селфи бидејќи не му се допаѓала фотографијата која тие ја објавиле.

 

На селфито што го пратил, Паг носи очила за сонце и сако, а покрај фотографијата напишал „Еве ви поубава фотографија-таа е ужасна“.

 

Кога полицијата ја ставила првата фотографија со него, тој се јавил во локалната радио-станица и се пожалил дека не му се допаѓа фотографијата и се пошегувал дека се крие во бункер со мексиканскиот нарко-бос Ел Чапо.

 

А по втората фотографија ставена од полицијата, Паг решил сам да се фотографира