Дрводелец измисли вентил за сперма

Дрводелец од Берлин измислил преинувач кој може да ја спречи спермата да излезе од тестисите, со што мажот би бил времено неплоден. Оваа направа може да ја измени контрацепцијата засекогаш.

Image

Имено, германскиот дрводелец Клеменс Бимек, си дошол еден ден од работа во 1998 година и на телевизија начекал документарен филм за контрацепцијата.

 

Кога видел по кој механизам спермата истекува од тестисите во пенисот, си рекол зошто таму да не се стави еден вентил.

 

Тој работел на изгледот и функционалноста на овој посебен вентил и побарал дали некој до сега има патентирано таква направа.

 

Некои патенти оделе во таква насока, но сите решенија биле прекомплицирани.

 

Затоа решил да работи на свој вентил. Направата што ја измислил е брендирана под името Bimek SLV, а некои уролози ја нарекоа револуционерна.

 

Еден имплант веќе е направен од Бимек лично, а медицинските тестови покажале дека е ефективен во спречувањето на спермата да истече низ пенисот.

 

Ова откритие има предност пред вазектомијата, на која мажите до сега доколку сакаа трајно да се неплодни, се подвргнуваат.

 

„Третина од пациентите кои одат на вазектомија, подоцна се предомислуваат. Но, не секогаш операцијата за враќање на функцијата на тестисите е успешна“, вели урологот Хартвиг Бауер за Der Spiegel.

 

Имплантот е голем колку гумено бонбонче мече, и се става во семените канали, со едноставна операција, а потоа може да биде вклучен или исклучен во зависност од желбата на неговиот носител.

 

Операцијата за поставување на имплантот кој е долг 1,8 см и тежи 2 гр трае помалку од половина час, а производителот тврди дека трае цел живот.

 

Предностите на овој изум се големи, жените повеќе нема да мора да се грижат за контрацепцијата, да пијат хормонски апчиња или да се применува друга физичка контрацепција, која докажано е, не е сто отсто сигурна.

 

Но, сепак, некои уролози остануваат скептични. Сметаат дека имплантот можеби ќе влијае врз функцијата на тестисите, некои сметаат дека спермата ќе се задржѕва на него и со време ќе го запуши протокот на каналите.

 

Сепак, претстојат уште тестови, а Бимек вели дека му треба спонзорство од 5 милиони евра за да продолжи со испитувањата, но и за широка народна кампања за промоција на имплантот.

 

Најрано што овој имплант може да биде достапен за јавноста е 2018 година.