Експлозија во сендвичарница во Виница уништилa сé наоколу

Во експлозија која настанала од пожар во сендвичарница во Виница, оштетени се неколку куќи и други објекти, како и возила.

Image

Од пожарот кој бил пријавен во понеделникот наутро околу 6 часот настанала експлозија од која била целосно уништена сендвичарницата.

Oд експлозијата дошло до оштетување на соседниот помошен објект, три куќи зад сендвичарницата, а од спротивната страна на уништениот објект настанале оштетувања на две куќи, паркирано патничко возило „фиат мареа“, објект на спортска обложувалница и кафе бар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, за утврдување на причините за настанување на пожарот и експлозијата.