Орбан: Брисел да го слушне гласот на народот

 

Британскиот глас за напуштањето на Европската унија (ЕУ) покажува дека Брисел мора да го слушне гласот на народот и да понуди соодветни одговори на клучните прашања како што се миграцијата, изјавил во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Image (1)

Орбан за унгарскиот јавен сервис изјави дека прашањето на миграцијата имало клучна улога во британската дебата во пресрет на референдумот, пренесува Reuters. „Брисел мора да го слушне гласот на народот, ова е најголемата лекција од таа одлука“, рекол Орбан.

Тој додал дека Британците не биле задоволни од политиката на ЕУ во поглед на миграциската криза. „Зошто е Унгарија во ЕУ? Поради тоа што сметаме веруваме во силна Европа“, рекол Орбан.

„Но Европа е силна само доколку може да даде одговори на главните прашања како што се имиграцијата. ЕУ не ги даде тие одговори“, додал унгарскиот премиер. Според него, земјите од Вишеградската група наскоро ќе одржат и разговори околу резулатите од британскиот референдум.

На прашањето што ќе се случи со стотиците илјади Унгарци кои работат во Британија, Орбан рекол дека најверојатно решението ќе биде во тоа што Британија ќе потпише договор со ЕУ, со кој овие прашање ќе бидат регулирани.